(ФОТО) СДСМ: По само неколку денови јавен превоз во Прилеп, се расипа еден автобус

Од:

Одлуката на Локалната Самоуправа во Прилеп, да набави половни автобуси за потребите на градскиот превоз, на долгорочен план многу повеќе ќе ја оптовари касата на Општина Прилеп, а со тоа џебот на прилепчани, отколку набавка на нови автобуси, велат од СДСМ.

Имено, денес, после само неколку денови од официјалниот старт на градскиот превоз во Прилеп, еден автобусите пројави сериозен дефект и со часови остана расипан во центарот на градот.

Се поставува прашањето, зошто со дел од парите на прилепските даночни обврзници, беа купувани нови автобуси за потребите на Скопје, а прилепчани мора да се задоволат со автобуси купени „на старо“.

Граѓаните на Прилеп, како една од поголемите Општини во државата, заслужуваат квалитетен јавен превоз со нови возила.

Идната Влада на Социјадемократскиот Сојуз на Македонија, ќе пренаменува поголем дел од државниот буџет за потребите на прилепчани и ќе обезбеди нови автобуси за градскиот превоз во Прилеп.

Граѓаните заслужуваат ПРОМЕНИ за нов почеток и подобар живот.

Би можело да ве интересира

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Мицкоски ќе прифти се што бараат СДСМ и Левица за Изборниот законик, ама дијаспорта не ја дава

Филипче: Нема да дозволиме изборна кражба!

А1он

ВИДЕО: И СДСМ ќе го блокира Изборниот законик, Филипче вели дека отвора врата за изборна кражба