(ВИДЕО) СДСМ Битола: Да го подобриме животот на битолчани!

Од:

„Ние кандидатите за пратеници на здружената опозиција од Битола се обврзуваме дека во идниот состав на македонскиот парламентот ќе работиме во интерес на граѓаните на Битола. Ќе се бориме за подобрување на условите за живот на сите жители на нашиот град“, рече Горан Милевски, кандидат за Пратеник во ИЕ 5.

„Се прашуваме што направија Антонио Милошоски и Лилјана Кузмановска во изминатиот период за Битола?

  • Дали набавија нови еко автобуси кои не го загадуваат воздухот во градот?
  • Дали набавија мерна станица за контрола на квалитетот на воздухот?
  • Дали изградија затворен базен?
  • Дали го реконструираа Планинарскиот дом Копанки?
  • Дали направија Жичара на Водно или Жичара на Пелистер?

Има уште многу вакви прашања на кои што и двајцата овие денови треба да одговорат.

Дел од проектите кои ние се обврзуваме да ги направиме за Битола и битолчани се:

  • Нов Клинички центар и отворање на Медицински, Стоматолошки и Фармацевски факултет во Битола
  • Набавка на најмалку 20 нови еко автобуси со што ќе овозможиме Општина Битола да формира Јавно претпријатие и да се отворат нови работни места
  • Нудиме бесплатен јавен градски превоз за студентите, пензионерите и социјално ранливите категории
  • Развој на зимскиот туризам со модернизирање на ски терените на Пелистер и нивно оспособување и за ноќно скијање.

 

За ова да го направиме остварливо во недела ја бараме поддршката од граѓаните да гласаат за листата на пратеници предводена од Васко Ковачевски“, изјави Горан Милевски, кандидат за Пратеник во ИЕ 5.

Би можело да ве интересира

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија