(ВИДЕО) СДСМ Битола: Ветените, но неостварени проекти на ДПМНЕ

Од:

„Ова каде што се наоѓаме, некогаш беше полигон за обука на возачите. Денес е само остаток од полигон.

Објектот што го гледате некогаш беше спортска сала „Младост“, гордост на Битола. Денес е руина која се распаѓа и нема скоро никаква функција.

Спроти нас е некогашниот Офицерски дом – културно историски споменик од големо значење не само за Битола и Македонија туку и пошироко. Иако пред околу 5 години централната власт овој дом го додели во надлежност на локалната самоуправа и се ветуваше дека ќе блесне во нов сјај, тој е оставен на забот на времето без надеж дека ќе профункционира“, изјави Горан Козаров, Советник во Совет на Општина Битола.

„Дали овој објект се подготвува за ефтина продажба и кој ќе го купи?

Како можеа високите функционери од ВМРО-ДПМНЕ, гостинот од Скопје Антонио Милошоски и Лилјана Кузмановска како пратеници, Владимир Талески како Градоначалник и Зоран Илиоски како  Координатор на ДПМНЕ  во Битола, вака недговорно да се однесуваат за значајни објекти во нашиот град?Од друга страна да се расфрлаат со милиони евра, народни пари, за саморекламирање.

Истите тие сега повторно ја бараат довербата од гласачите и нудат, замислете нови 2.046 проекти. Па тие уште старите не ги започнаа и повторно со нови лаги продолжуваат со манипулации.

В недела на 27 – ми април гласајте слободно и достоинствено. Заокружете го бројот 3 за Стево Пендаровски и бројот 1 за листата за пратеници на СДСМ и здружената опозиција, за да ја прекинеме оваа агонија во Македонија“, рече Горан Козаров, Советник во Совет на Општина Битола.

Би можело да ве интересира

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија