(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Промени во образованието за подобра иднина

Од:

„Образованието во Република Македонија е целосно деградирано и партизирано. За Владата на ВМРО-ДПМНЕ приоритетни беа проектите за кои се трошат милионски суми, а ефектот од нив е минимален.

Примери за ова се фрлените 68 милиони евра за проектот „компјутер за секое дете“, како и проектот со нестручните преводи на стручната литература“, рече Александар Џагадуроски, кандидат за Пратеник во ИЕ 4 – СДСМ.

„Децата, студентите и наставниот кадар заслужуваат подобри услови и образование. За таа цел идната Влада на СДСМ ќе ги превземе следните мерки:

–      Средствата за образование од моменталните 3,5% од БДП, значително ќе ги зголемиме до крајот на мандатот, во висина помеѓу  4,5  до  5 % .

–      Ќе го укинеме екстерното тестирање како проект кој побуди најголем револт кај децата и нивните родители. Со овој проект се девалвира целиот напор и труд на наставниците, како и на самите ученици.

–      Вработените во најдобрите 15 основни и 10 средни училишта, ќе добијат 30% поголема плата во текот на наредните 12 месеци.

–      Ќе воведеме поголема грижа, заштита и мотивација на наставниците, наспроти притисокот и инспекциите кои ги трпат во изминативе неколку години.

–      Ќе воведеме нови звања за наставниот кадар, кои ќе имаат значајна улога во нивната кариера и бенефиции.

–      Ќе го подобриме студентскиот стандард и стипендирањето.

–      Ќе воведеме државна квота на бесплатно студирање на најдобрите матуранти.

–      Секој студент ќе добие електронска картичка за студентски поволности; бесплатен јавен градски превоз, попуст за исхрана, концерти, театар, спортски настани.

–      Ќе се реновираат постоечките студентски домови, низ внатрешноста ќе се градат нови, а во Скопје ќе се изгради Студентски град.

Македонската економија е тесно врзана со знаењата и вештините кои ги стекнуваат младите и студентите низ образовниот процес. Ова се се само дел од мерките со кои, ќе го ПРОМЕНИМЕ образованието, со цел подобар и подостоинствен живот во иднина.

Број 1 на пратеничката листа е за тие промени, а бројот 3 за Стево Пендаровски, мојот Претседател“, изјави Александар Џагадуроски, кандидат за Пратеник во ИЕ 4 – СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ