А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Дескоска: Владата на СДСМ нема да биде главен уредник на медиумите

by А1он24/04/2014 - 13:4224/04/2014 - 16:00109
Share0

Носителката на изборната единица 1 Рената Десковска најави дека идната влада на СДСМ ќе креира медиумски простор кој ќе овозможи непристрасно и објективно новинарство, слобода за истражување, но и известување за позитивни мерки но и за мега скандали. како и ефикасна заштита од злоупотреба од сопствениците на медиумите и државни органи.

Следете a1on на Instagram Instagram

Таа рече дека владата на СДСМ нема да биде главен и одговорен уредник на медиумите во Македонија.

– Власта им го укина правото на граѓаните да бидат информирани. Цензурата и партиската пропаганда на МТВ и сите медиуми, новинарите го изгубија правото да информираат, го замени објективното  новинарство. Сите релевантни извештаи говорат за медиумски мрак во Македонија – изјави Десковска.

Како што рече Десковска, во изборната кампања СДСМ немала рамноправен пристап за презенитање на кампањата, дури ниту на националниот сервис.

Следете a1on на Youtube YouTube

„Лидерот на СДСМ вчера објави уште една мега афера: ВМРО-ДПМНЕ се стекнале со огромен имот во станови и кеш за само неколку денови и месеци. Пред една недела, исто така, лидерот на опозицијата информираше за мега скандалот тежок еден и пол милиони евра во кеш, поврзан со продажбата на Македонска Банка, АД Скопје“, рече Рената Тренеска Дескоска, носителка на листа на кандидати за пратеници во ИЕ 1.

Според неа, молчењето на медиумите и обвинителството за овие скандали, претставува потврда на нивното тврдење дека за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, власта им го укинала правото на граѓаните да бидат информирани.

 

izborisdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:1619/10/2026 - 13:35

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ18/10/2026 - 21:5818/10/2026 - 22:35

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ18/10/2026 - 21:3018/10/2026 - 22:03

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Предраг Петровиќ18/10/2026 - 21:26

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ18/10/2026 - 21:1018/10/2026 - 22:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео