Попоски: Ќе се поставуваат автомати за електронски изводи од повеќе институции

Од:

Поставување автомати во населени места каде нема подрачни единици од соодветните институции од кои ќе можат да се вадат изводи од матични книги на родени, од катастар, од УЈП, централен регистар, најави денеска носителот на листата за избор на пратеници во Изборната единица 6, Никола Попоски.

– Во повеќе населени места каде што не постојат подрачни единици од определени институции ќе поставиме автомати на кои ќе може да се вадат електронски изводи од матична книга на родени, документи од катастар, од Управа за јавни приходи, од Централен регистар, но и други документи за кои ќе може електронски да се плати со платежна картичка на автоматот, рече Попоски.

Појасни дека на ваков начин ќе можат да се подмируваат и сметки за струја, за телефонија, за вода.

Би можело да ве интересира

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски