„Политика“: Москва е подготвена да воведе санкции кон Подгорица

Од:

Русија ќе воведе одредени санкции против Црна Гора, бидејќи Подгорица ги прифати ставовите и мерките на ЕУ и САД кон Москва и нивната политика во врска со украинската криза, пишува белградска „Политика“.

Според тврдењата на руските медиуми, што ги пренесува портарлот на Телевизија Црна Гора, Москва можеби ќе го укине безвизниот режим за црногорските граѓани, како и трговските олеснувања.

Рускиот весник „Роскаја газета“ наведува дека Русите се под притисок во сите сфери на животот во Црна Гора. Во тој контекст се наведува конфискувањето на имотот на „Комбинатот за алуминиум – Подгорица“ (КАП), како и принудната продажба на металуршкиот комбинат во Никшиќ на британски купувач, иако била во сопственост на руска компанија, наведува „Политика“. Руските весници, исто така, посочуваат примери на грабежи на куќи на руски граѓани во Црна Гора, кои полицијата не ги разгледува соодветно.

Руските весници наведуваат дека расположението меѓу жителите на Црна Гора е „проруско“, но наспроти тоа Владата на премиерот Мило Ѓукановиќ ја ориентира Црна Гора кон ЕУ и НАТО.

Министерството за надворешни работи на Русија неодамна оцени дека црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ за време на посетата на САД дал „непријателски изјави“ за Русија. Ѓукановиќ при посетата изрази став дека националниот и државниот интерес на Црна Гора е приклучување кон НАТО и ЕУ.

Би можело да ве интересира

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Калас: Русија претставува егзистенцијална закана за безбедноста на ЕУ

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата