Во момент кога одредени лица повикуваат на вооружена интервенција на Запад во Сирија, францускиот весник „Фигаро“ потсети на „кобните ефекти од помошта која што САД и ЕУ и ја дадоа на албанската герила во Југославија“.
Покрај потсетувањето на бомбардирањето врз Југославија од март 1999 година, „Фигаро“ наведе и дека НАТО во борба против југословенската војска, ја повикал во помош и албанската герила, односно Ослободителната војска на Косово. Истата ОБК која до 1998 година, американскиот Стејт департмент ја ставеше во категорија на терористички организации, која што беше финансирана главно од трговија со дрога, пишува во текстот, со образложение дека во Вашингтон тогаш цинично зборувале дека целта ги оправдува средствата.
На крај, во некое друго време и на некое друго место, САД можеби би потпишале пакт и со Бин Ладен, со цел да се изборат со руското чудовиште, констатира авторот на статијата.
Во текстот се наведува дека по тримесечната војна во 1999 година, кога се пребројувани жртвите, некои со шепот признале дека размерите за српска репресија на окупираните територија се „малку поинакви“, но потоа тргнале кон други насоки.
„Грабнато од Србија, иако изобилува со манастири кои сведочат за раѓањето на српската нација и идентитет, Косово е ставено под управа на НАТО, а во 2008 година еднострано прогласи независност, на што Запад громогласно аплаудираше, а шест години подоцна се противи кога Крим ја употреби истата метода, за да повторно се присоедини со Русија, пишува францускиот весник.
И сега некои официјални лица од Запад се прашуваат дали би требали да се следи тој пример, со цел да се стави крај на страотната граѓанска војна во Сирија. Зарем не би требало да им се дотури оружје на храбрите борци за слобода, кои се обидуваат да го турнат, затворајќи ги очите пред нивните методи и злосторства, прашува авторот на текстот.
На крај тоа е направено над окупирани територии пред 15 години, со движење кое било одговорно за грабежи, трговија со органи и убиства, стои во статијата.
„А дали сето тоа се знаело тогаш? Се знаело, но оние кои за тоа пишувале или зборувале се сметани за изманипулирани или финансирани од страна на Белград. И сега еден од поранешните лидери на таа иста ОБК, Хашим Тачи, веќе шест години мирно седи во премиерската фотелја, а еден од неговите претходници Рамуш Харадинај, кого Хашкиот трибунал го осуди за воени злочини, живее слободно во својот роден крај, констатира „Фигаро“.
Дефинирајќи го прашањето дали окупираните територии во 2014 година се навистина земја која оправдува воена интервенција на Запад пред 15 години, францускиот лист оценува дека тоа е една од најсиромашните европски држави, како што напиша „мафијаша“, која англиските борци против наркотици ја нарекоа „хероинска република“, а од која според британски податоци, потекнуваат 70 проценти од лидерите на пазарот за проституција, само во Лондон.
Дрогата која од Авганистан се упатува во западна Европа, се уште се проследува низ Дреница. Трговијата на украдени автомобили и луѓе цути на окупираните територии, а слободата на движење и вероисповед, не се почитуваат, заклучува авторот.
Како пример „Фигаро“ наведе дека минатата недела на Велики петок, група од 150 православни Срби побарала од меѓународните безбедносни сили, да ги следат до Ѓаковица од кај што се протерани во 1999 гоидна, со цел таму да го прослават Велигден. Меѓутоа ЕУЛЕКС И КФОР го одбиле нивното барање, тврдејќи дека не можат да им гарантираат безбедност- пишува парискиот весник.
Е. Г.