Најдоцна откриена, најоддалечена, изолирана и поштедена од сите војни, Австралија, можеме слободно да кажеме е свет за себе. Можеби сте имале среќа да ја посетите, можеби само сте слушнале некои работи за неа, но овие неколку занимливости во секој случај добро ќе ве расположат!
1. Ширината на Австралија одговара на оддалеченоста меѓу Лондон и Москва.
2. Најголемиот приватен имот во Австралија е поголем од Белгија.
3. Над 85 отсто Австралијци живеат внатре, 50 километри од брегот.
4. Во 1880 година, Мелбурн бил најбогат град на светот.
5. Најбогатата жена во Австралија, Џина Рајнхарт заработува милион долари секој половина час, т.е. 598 долари секоја секунда.
6. Во 1892 година група од 200 Австралијци незадоволни од постоечката влада се обиделе да почнат колонија во Парагвај под името Нова Австралија.
7. Австралија била втора земја на светот која на жените им дала право на глас.
8. Секоја недела 70 отсто туристи остануваат подолго во Австралија од што им дозволува визата.
9. Во 1856 година австралиските клесари покренаа акција за да се обезбеди стандардот на осум часовно време. Нивниот подвиг се прошири во светот, а работниот ден од 8 часа стана официјално работно време во многу земји во светот.
10. Поранешниот премиер на Австралија Боб Хоук постави светски рекорд во пиење на 2,5 литри пиво, за 11 секунди!!!
11. Во Австралија се наоѓа најдолгата ограда на светот, долга е дури 5.614 километри, според која е снимен и филмот Rabbit Proof Fence.
12. Најстариот фосил на светот, кој е стар околу 3,4 милиони години, е најден во Австралија.
13. Австралија е многу ретко населена. Велика Британија има 248,25 жители по квадратен километар, додека Австралија има само 2,66.
14. Првата полиција во Австралија се состоела од затвореници кои имале примерно владеење.
15. Австралија има највисока цена на електричната енергија во светот.
16. Внатрешноста на Австралија е дом на над милион диви камили.
17. Саудиска Арабија увезува камили од Австралија, главно за производство на месо.
19. Австралијците трошат повеќе пари на коцкање од која било друга нација.
20. Австралија е една од државите која учествуваше во основањето на ОН.
21. За Мелбурн се верува дека е спортски центар на светот.
22. Пред доаѓањето на луѓето, Австралија била дом на огромни животни. Во неа живееле три метри високи кенгури, патки со коњски лик и големи лавови.
23. Кенгурите и ему птиците не можат да одат наназад.
24. Ако секој ден посетувате една плажа во Австралија, ви требаат 27 години да ги посетите сите.
25. Мелбурн е дом на најголемата заедница на Грците, надвор од Атина.
26. Големиот корален гребен во Австралија е најголема жива структура на светот.
27. Големиот корален гребен има свој поштенски број!