Дирекцијата за заштита на личните податоци и инструментот на Европската унија TAIEX денеска организираат меѓународна работилница од областа на информациската сигурност, која се однесува на тимови за брза реакција во врска со компјутерската безбедност и заштитата на личните податоци.
На дводневната работилница е најавено учество на експерти од Холандија, Австрија, Шведска, Бугарија и од Советот на Европската унија.
– Тие ќе говорат за предностите од воспоставувањето тимови за брза реакција во врска со компјутерската сигурност и заштитата на личните податоци, предизвиците со кои овие тимови се соочуваат, категориите на личните податоци кои овие тимови ги обработуваат, но и за улогата на органите за заштита на личните податоци, соопшти организаторот.