(ВИДЕО) СДСМ Битола: Го немаме луксузот да бидеме неопределени!

Од:

„Во изминативе 16 години, 12 години на власт во Македонија е ДПМНЕ. Ако денес некој е одговорен за мизеријата во која живеат граѓаните на Македонија тоа несомнено е ДПМНЕ и владата на Груевски.

Во недела ќе треба да дадеме одговор за тоа во каква Македонија ќе сакаме да живееме? Дали сакаме диктатураили слобода?

Дали сакаме да бидеме најсиромашни граѓани на Европа или нејзини рамноправни членови? Дали сакаме енергетска неизвесност или енергетска стабилност?

Дали сакаме можност за вработување за секој или само на тие со партиска книшка?

Дали сакаме младите да остануваат во Македонија или да се иселуваат?

Дали сакаме поробен земјоделец или горд земјоделец?

В недела треба да одговориме на овие и на многу други прашања. Позади параванот не ве гледа никој.

Никој не може да види за кого ќе гласате. За жал го немаме веќе луксузот да бидеме неопределени.

Денес кога Македонија маршира на пат кон диктатура, неизлегувањето на избори значи поддршка на власта.  Ајде да ставиме точка на ова пропаѓање на државата ида свртиме нова страна.

На Македонија и се потребни промени за нов почеток. Затоа в недела, бидете храбри само 1 минута за да нема потреба никогаш повеќе да се плашите“, изјави Зоран Георгиев, кандидат за Пратеник.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО