(ВИДЕО) Силјановска: Нов даночен арач за граѓаните!

Од:

„Се наоѓаме во старата Битолска чаршија, каде што наместо метеж од луѓе, сведоци сме на мртвило и затворени дуќани, со спуштени кепенци.

            Оваа грда слика, најмногу се должи на сиромаштијата во која тоне Македонија, како и на репресивната казнена политика што ја воведе владата на ВМРО-ДПМНЕ.

            Во немоќта  и неспособноста да се справи со проблемите, оваа власт, почитувани граѓани, Ви подготвува уште еден арач. Дополнителни околу 60.000 денари по џебот на сите корисници на фискални апарати. Односно од над 100.000 правни субјекти во Македонија, ќе бидат собрани близу 6 милијарди денари.

            Од 1 мај оваа година , ќе стапи во сила Законот за регистрирање на готовинското плаќање кој предвидува секој корисник на фискален апарат да набави нова фискална каса, заради поврзување на фискалната опрема на даночните обврзници со УЈП.

            Покрај ова, сите корисници на фискални апарати ќе мораат, покрај основната, задолжително да набават и втора-резервна фискална каса.

            Тоа значи дека сите таксисти, здравствени и стоматолошки ординации, адвокатски кацеларии, угостителски и трговски објекти, колонијали, стоваришта и многу други правни субјекти ќе бидат изложени на дополнителен трошок од близу 60.000 денари.

            Измените на овој закон беа донесени по скратена постапка, лукаво фингирано Законот да почне да се применува веднаш после изборите, а за тоа гласаа гостинот од Скопје Антонио Милошоски, кој во Битола доаѓа на визита, од избори на избори, како и пратеничката Лилјана Кузмановска, која сега повторно ја бара довербата на битолчани.

            Ваквата погубна политика на ВМРО ДПНМЕ, која е еднаква на финансиски масакр почитувани граѓани, можете да ја спречите само Вие, доколку во недела на 27 април- недела масовно излезете да гласате за СДСМ и здружената опозиција, за промени и нов почеток, со заокружување на бројот 1“, изјави Јулијана Силјановска, кандидатка за Пратеничка.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ