(ВИДЕО) СДСМ Битола: ЕЛЕМ во служба на ВМРО-ДПМНЕ, спротивно на закон

Од:

„Сакаме да реагираме на грубото кршење на изборниот законик од страна на ВМРО-ДПМНЕ кое се применува во континуитет.

Имено во текот на вчерашниот ден безстрамно среде бел ден, без страм и страв од никого злоупотребени се средствата на јавните претпријатија во случајот на ЕЛЕМ кое е во државна сопственост.

Со комбиња на Електрани на Македонија дистрибуиран е пропаганден материјал во големи количини на оваа партија.

Јавно прашуваме дали ЕЛЕМ само дистрибуирал или и ги печател пропагандните материјали на ВМРО-ДПМНЕ. Само да потсетиме дека на овој начин прекршен е членот 8-а од изборниот законик кој забранува да се располага со буџетски средства како и со средствата на јавните претпријатија а во случајот злоупотребени се превозните средства на ова претпријатие а можеби и финансиски средства за набавка и печатење за што треба да даде одговор истрагата.

Бараме јавното обвинителство веднаш да поведе истрага за овој случај по основ на допрен глас и да поведе Кривична постапка за прекршителите на Законот согласно одредбите од Изборниот законик односно членот 178“, изјави Горан Милевски, кандидат за Пратеник.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ