Грчките цариници за три месеци заплениле 4,5 тони марихуана

Од:

Грчката полиција за три месеци од оваа година на границата со Албанија заплени речиси 4,5 тони марихуана, објави денеска албанскиот весник „Шекули“.

Во поголемиот број случаи, додава весникот, станува збор за соработка на албанските и грчките шверцери, која се оценува како мошне успешна.

Претседателот на Федерацијата на епирските полицајци, Јоргос Папацимпас изјави дека Епирската полиција има реални причини за загриженост, бидејќи шверцот на марихуана тече со вообичаениот ритам како и минатата година и не покажува знаци на намалување.

– Со загриженост констатираме дека шверцот на марихуана и на останатите наркотични средства од двете страни на границата е ист како и минатата година и не се намалува. Последните месеци е запленета голема количина марихуана, претежно од албанските шверцери, но не заостануваат многу ниту грчките, кои им се поддршка на наша територија, додаде Папацимпас.

Албанската полиција минатата година заплени над 12 тони марихуана, наменета за грчкиот пазар.

Би можело да ве интересира

Големи пожари избувнаа низ Грција, пристигнуваат хеликоптери за да им помогнат на пожарникарите

Горан Наумовски

Маринакис: Постои само едно толкување на ерга омнес

Катерина Ѓуровски

Грчки медиуми: Владата на Мицкоски доби доверба од Собранието – положи заклетва под уставното име

Мицкоски трипати ја нарече неговата земја „Македонија“ пишуваат грчките медиуми

Пеколен одмор во Грција: Се повеќе мртви туристи, температура над 45 степени

Предраг Петровиќ

Жена почина во Полихроно: Во несвестна состојба била извлечена од морето