Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) денеска привремено ја суспендира одлуката за забрана на трансфери која и ја изрече на Барселона.
ФИФА на почетокот на месецов ја казни Барселона со забрана за трансфери следните две години поради тоа што шпанскиот клуб ангажираше малолетни странски играчи.
Барселона најави дека ќе поднесе жалба на оваа одлука на ФИФА.
Медиумите во Шпанија вчера објавија информација за договорена средба на 6 мај во Швајцарија меѓу првиот човек на ФИФА Сеп Блатер и претседателот на каталонскиот клуб Џосеп Бартомеу.