Иако на прв поглед фотографиите ја прикажуваат завеана со снег индиската река Јамуна, која што индусите ја сметаат за света, сепак овие слики откриваат шокантни размери од загаденост на водата.
Како што пренесе „Дејли меил“ загаденоста е толку голема што во водата нема доволно кисолород, за да преживеат рибите и другите животни.
Педесет и седум милиони луѓе се зависат од оваа река, која носи индустриски отпад, кој потсетува на санта мраз.
Јамуна обезбедува 70 проценти од потребите за вода на Њу Делхи, а како и реката Ганг во која што Јамуна се влева, индусите ја сметаат за боженство на кое редовно му се молат.
Традиционално на светскиот Ден на планетата Земја, индусите се капат во реката. Оваа година тие се шокирани од големата количина индустриски отпад, кој не може да се игнорира.
Е.Г.