Иванов во Брисел со првите луѓе на НАТО и ЕУ

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов, e во работна посета на Брисел.

Предвидени се средби с со Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, со еврокомесарот за проширување Штефан Фуле и со Претседателот на Европскиот Парламент, Мартин Шулц.

За во среда е закажана средбата со претседателот на Советот на ЕУ, Херман Ван Ромпуј.

Единствено Иванов нема да има средба со Баросо, кој иако е во Брисел, има веќе однапред утврдена и полна агенда.

Централни теми во разговорите со претставниците на Европската Унија ќе бидат македонските интеграциски процеси, можноста за нивно деблокирање, тековниот реформскиот процес во рамки на Дијалогот на високо ниво, како и очекувањата на Македонија во однос на претстојниот извештај на Европската Комисија.

Неизбежно ќе се отвори тема и за состојбите во Македонија и внатре коалициската криза.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on