Караванот на ГРОМ го посети кумановскиот регион

Од:

Лидерот на коалицијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски  и носителот на листата за избор на пратеници на коалицијата ГРОМ од изборната единица број 2, Виктор Цветковски, беа во обиколка на кумановскиот пазар и остварија средби со кумановочани во центарот на градот.

Притоа, Јакимовски и Цветковски ги посетија лицата со пречки во развојот  во регионалниот центар „Порака наша“. Оттаму, претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски и носителот на пратеничка листа од ИЕ2 Виктор Цветковски, ги посетија жителите од селото Режановце каде поразговараа за секојдневните животни активности и проблеми со кои се соочуваат жителите од ова подрачје.

Првиот човек на Граѓанската опција за Македонија, пред присутните ја претстави изборната програма на ГРОМ, која нуди конкретни решенија кои ќе го подобрат животниот стандард на жителите од кумановскиот регион

Би можело да ве интересира

Гром уби човек во Црна Гора

А1он

Од удар на гром во САД: Загина маж, 13 повредени, четири деца се хоспитализирани

Тројца загинати и четворица повредени – гром удри на плажа во Русија

А1он

Државната каса била главен спонзор за изборните кампањи на Парламентарните избори 2024 година

Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение

Вучиќ во живо ги објави резултатите: Убедлива победа на СНС во Косјериќ