(ФОТО) Заев од Тетово: Македонија мора да стане држава во која ќе владее правдата

Од:

Тетовчани му се пожалија на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на лошата економска ситуација во државата како и намалувањето на купувната моќ на граѓаните.

zaevOdTetovo (1)

Народот нема средства да купува, се помалку луѓе доаѓаат на пазарите. Власта ветува се и сешто а од тоа нема ништо, еве и самите гледате пазарите колку се празни, се пожалија пазарџиите.

zaevOdTetovo (6)

„Тешко се живее, а државата се повеќе паѓа во долгови. Тоа мора да се промени. Власта и Груевски не само што фрла пари само на споменици, туку еве гледате и самите влегоа во криминал каде се земени 1.5 милион евра во кеш. Во сите земји кога премиерот е вмешан во ваков криминал си поднесува оставка, а Груевски не само што не сака да поднесе оставка туку и молчи.

zaevOdTetovo (2)

Ние сме тие кои можеме и мораме да го спречиме ова што и се случува на Македонија, ова лудило што ја зафати земјата. На државата и се потребни промени за подобро утре на сите граѓани. А за да се променат работите треба да се промени оваа власт.

zaevOdTetovo (3)

Македонија мора да стане држава во која ќе владее правдата и законите. Затоа, Ве повикувам на 27-ми масовно да излеземе на гласање и да покажеме дека граѓаните на оваа земја, и Македонци и Албанци, Турци, Роми, Бошњаци, Власи, сите ние заедно сме за промени и за нов почеток на Македонија“, повика претседателот на СДСМ Зоран Заев.

zaevOdTetovo (4)

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ