„Во изминативе 8 години од владеењето на ДПМНЕ образованието во Р.Македонија е целосно деградирано и партизирано. Образовните политики беа носени без јасна стратешка цел и без анализа за нивните ефекти, при што се потрошени огромни буџетски средства.
Нашите деца заслужуваат подобро образование. За таа цел, Владата на СДСМ ќе ги преземе следите проекти:
Повеќе пари за образование и наука
Владата на ДПМНЕ за образование издвојува само 3,5% од БДП, ова не е доволно. Владата на СДСМ до крајот на мандатот ќе го зголеми буџетот наменет за образование на 4,5% од БДП.
Владата на СДСМ ќе направи:
-Целосна реформа на предучилишното и средното образование
-Зголемување на опфатот на деца од 4-6 год. во градинките со зголемување на капацитетите на детските градинки во целата држава, со за 4 год. опфатот ке го зголемиме на 50%,
-Во руралните средини ќе се организираат подвижни градинки со што ќе се обезбеди за секое дете најмалку двочасовен престој. Овој опфат ќе биде бесплатен за општините кои имаат намалување на популацијата,
-Предучилишниот период ќе трае 2 години, ќе се задржи деветтолетката, првите 5 години во основното образование ќе се оценува описно.
-Средното образование ќе се реформира според потребите на пазарот на трудот и во соработка со приватниот сектор, првите кадри ќе се вклучат по 1, 2 или 3 години средно стручно образование на 16-17 год. возраст, Истовремено ќе го задржиме четиригодишното стручно образование и гимназиското образование,
-Ќе го укинеме екстерното оценување што е траума и за учениците и наставниците,
– Ќе се воведет стандарди за подготовка на учебници, Министерството нема да се занимава со издаваштво како до сега што е основ за криминал,
-Ќе го подобриме студенскиот стандард и стипендирањето,
-Ќе воведеме државна квота на бесплатно студирање на најдобрите матуранти,
-Секој студент ќе добие електронска картичка за студентски поволности; бесплатен јавен градски превоз, попуст за исхрана, концерт, театар, спортски настани. Студентските организации ќе водат база на студентски вработувања, студентски домувања.
-Бесплатен јавен превоз и попуст во меѓуградски превоз за студенти,
-Ќе се реновираат постојните студенски домови,ке се изградат низ внатрешноста нови а во Скопје ке се изгради студентски град,
-Во високото образование ќе ја вратиме автономијата на универзитетот, со што ќе го вратиме угледот и достоинството на професорите, како и процес на реформи и департизација на државните универзитети,
Ова се само дел од мерките на СДСМ за подобрување на состојбите во образованието“, изјави Mарјан Даскаловски, кандидат за пратеник на СДСМ од 4ИЕ.