(ВИДЕО) Сугарески: Казните ќе ги намалиме за 50%

Од:

„Феноменот на масовно затворање на дуќани и фирми низ Прилеп и Македонија, заради енормно високите парични казни, кои достигнуваат и над 10.000 евра, мора да запре.

Државните инспектори не смеат да сеат страв и трепет помеѓу трговците и дуќанџиите. Нема да дозволиме под маската на фискална дисциплина, да биде собиран арач и да се цедат стопанствениците. Праксата по секоја цена да биде изречена глоба, ние ќе ја прекинеме.

Се обврзуваме дека, наместо репресивна, ние ќе водиме превентивна политика!

Во таа насока, мерките кои ги предвидовме во нашата програма, а кои ќе ги спроведе идната Влада на СДСМ, се следни:

  • Прво опомена за сторен прекршок, па само при негово повторување-казна.
  • Износот на СИТЕ казни/глоби ќе го намалиме за најмалку 50% и во најголем дел од случаите ќе биде фиксно определен.
  • По една година ќе ја рзгледаме опцијата за скалест пристап во казнената политика: помалите фирми да плаќаат помали глоби.
  • После изречената опомена, ќе биде спроведена обука и едукација на даночните обврзници, да се запознаат со нивните права и обврски, со цел да не ја повторуваат грешката и да не бидат казнети. Ова, нема да биде само формален, туку вистински инструмент за почитување на законот.
  • Принципот „прво опомена“ ќе важи и за присилната наплата на долг. Со тоа ќе се зачува фискалната дисциплина, но и ќе се избегне блокирањето на сметките на даночните обврзници.

 

Ова се само дел од мерките со кои, идната Влада на СДСМ ќе ги подобри условите за работа, и ќе ги растерети, пред се малите и средни претпријатија, кои сочинуваат 98% од сите стопански субјекти во државата. На овој начин ние, ќе го зацврстуваме нивниот капцитет, нема финасиски да ги оптеретуваме фирмите, а ќе бидат стимулирани да вработуваат повеќе лица“, изјави Горан Сугарески- Кандидат за Пратеник во И.Е. 4 – СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Изборната реформа заглавена во политички ровови: Мицкоски повикува на повлекување на амандманите, СДСМ и Левица не отстапуваат

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Мицкоски ќе прифти се што бараат СДСМ и Левица за Изборниот законик, ама дијаспорта не ја дава

Филипче: Нема да дозволиме изборна кражба!

А1он