Тринаесет од стоте најпознати политичари во Индонезија ги загубија местата во Парламентот

Од:

Најмалку тринаесетмина од стоте до сега највлијателни политичари во Индонезија не добија доволно гласови за повторен мандат во индонезискиот парламент.

На изборите одржани на 9 април, чии резултати дефинитивно ќе бидат познати до 15 мај, изборната квота не ја поминале сегашниот министер за земјоделство, двајцата потпретседатели на Парламентот и неколку претседатели на парламентарни комисии.

Меѓу губитниците е и Ева Кусуми, лидер на движењето за женски права и меѓурелигиска толеранција. Таа беше меѓу кандидатите на победничката досега опозициона Индонезиска демократска партија на борбата, а сега е меѓу најгласните губитниците кои ставија нишка на сомнеж за регуларноста на изборите.

Сопствена истрага за регуларноста на изборите води и еден од најбогатите луѓе во Индонезија, Сутан Батеогана, чиј сегашен мандат во Парламентот го штитеше од истрага во еден од поголемите корупциски скандали.

Сите што загубиле на изборите се лутат и ги обвинуваат оние што добиле за масовно купување на гласови. Меѓутоа, според домашните и странски набљудувачи на априлските избори, на кои гласаа 186 милиони Индонезијци, имало досега најмалку неправилности.

Би можело да ве интересира

Индонезија: Најмалку 19 загинати во лизгање на земјиште

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски