Поранешниот авганистански министер за надворешни работи Абдула Абдула води на изборите за претседател на Авганистан, што се одржаа на 5 април, соопшти денеска Независната изборна комисија по преброени 50 проценти од гласачките ливчиња.
Комисијата информира дека, според досегашните резултати, Абдула е во водство, но нема мнозинство гласови за да може да биде избран за претседател уште во првиот круг.
Според досега преброените гласачки ливчиња, Абдула од опозициската Национална коалиција на Авганистан освоил 44,4 проценти од гласовите, а по не го следи независниот кандидат и поранешен министер за финансии Ашраф Гани со 33,2 отсто.