Мерцедес повторно неспоирлив на асфалтот од Формула 1 караванот. Луис Хамилтон и Нико Розберг завршија на првите две позиции и на трката во Кина.
Возачите на Мерцедес остварија четврта победа по исто толку извозени трки во новата сезона.
На патеката во Шангај уште од самиот старт на лидерската позиција се издвои Луис Хамилтон и таму остана до крајот кога победи со време 1:35:09.651. По 19 секунди низ целта мина и неговиот тимски колега Нико Розберг, а на третата позиција заврши Фернандо Алонсо од Ферари.
Зад возачите кои се искачија на пиедесталот завршија Рикардо, Фетел и Хулкенберг.
Следна на програмата е трката во Шпанија која ќе се вози на 11 мај.