Во Романија транзицијата е далеку од довршена, а во Бугарија бавно напредува. Овие две земји, членки на ЕУ, недоволно ги користат европските фондови за да можат да им помогнат на економиите да го достигнат развојот на останатите во ЕУ.
Во буџетот на Унијата од 2007 – 2013 година, за Романија се предвидени 19,7 милијарди евра, а за Бугарија 6,9 милијарди евра. Но Романија до јануари 2012 апсорбирала само 4% од тие пари, а Бугарија 19% во истиот временски период.
Ако Бугарија ги искористи сите пари од европските структурни фондови до 2015 година, нејзиниот БДП би пораснал за 9%, а во Романија за 3,8%.
Во 2009 и 2010 година , Романија беше во рецесија, а во 2011 година забележа раст од 2,5%. Годинашнава прогноза е раст од 1,1% на БДП. Од 2002-2007 година , Бугарија оствари раст од 6%, по што следеше пад на 1,7% во периодот 2007-2010 година. Во 2010 растот беше речиси нула, а во 2011 година стопанството порасна за 1,6%.
Слабите апсорпциски капацитети се објаснуваат со недостатокот на искуство, недостаток на административни и правосудни капацитети, константните измами и ограничени капацитети за кофинансирање на проекти.