Холивудската ѕвезда Кристен Стјуарт, во последните неколку недели на новинарите не им дава премногу изјави, само таинствено се смешка од насловните страни на модните списанија.
Овој месец со својата појава го разубави британското издание на магазинот „Вог“, за кого ја сними насловната страна и едиторијалот во кој зборува за љубовта и нејзиниот нов филм „On the roud“ во кој се појавува во секси издание.
На насловната страна, Кристен се појавува во модел на Гучи, а на лицето има тежок есенски мејк-ап во пригушени нијанси.