Ковачевски на средби во Охрид и Струга

Од:

Носителот на листата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во петтата изборна единица, Васко Ковачевски денеска во Охрид и Струга ќе оствари средби со граѓани и со охридските бизнисмени, доктори и адвокати на кои ќе им ја презентираат програмата за овие парламентарни избори.

Програмата нуди рамномерен регионален и локален развој, а не како досегашната власт која инвестира само во главниот град во мермери, споменици, жални врби. Охрид и охриѓани заслужуваат повеќе и подобро. Затоа, нашата борба против оваа криминална и корумпирана власт продолжува со нови, чесни и искрени луѓе, со нов концепт и нова визија – изјави Ковачевски од Охрид.

Ковачевски ја искористи приликата на сите христијани да им го честита најголемиот христијански празник Велигден и им посака пријатни празнични денови на сите граѓани.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?