Еден Британец избегна операција на окото, благодарејќи на неговото омилемо хоби – сурфањето на бранови, објави стручниот магазин „Бритиш Медикал Џурнал Кејс Рипорт“.
Според изданието, додека бил на сурфање на Хаваите, 61-годишниот Британец бил удрен со 10-метарски бран кој се движел со брзина од 70 килоетри на час и овој удар резултирал со отстанување на птеригиумот на неговото око.
Птеригиумот е бенигно здебелување на рожницата на окото, кое вообичаено се отстранува со хируршки зафат. Тој најчесто се појавува кај лица кои често се изложени на сонце. Здебелувањето се манифестира со пецкање на окото и слабеење на видот, а може да прерасне и во канцер.
– Бранот буквално го збришал туморот од окото, изјави лекарот на британскиот сурфер, Томас Кембел, додавајќи дека „овој невообичаен метод на лекување веројатно бил многу болен“.