Најмалку седум лица загинаа денеска при потонување на мал брод во близина на островот Флорес во источниот дел на Инонезија, соопшти локалната полиција.
Според полицискиот портпарол Окто Рива, во тек е потрага по исчезнатите патници. Досега спасувачките екипи пронашле 30 преживеани патници.
Рива нагласи дека бродот бил предвиден да прими најмногу 30 патници, а се претпоставува дека на него имало околу 70 лица.
Првичните сознанија на истрагата покажуваат дека преоптоваренот брод потонал кога бил зафатен од невреме и бранови кои достигнувале висина и до два метри.