САД ги предупреди своите државјани да бидат претпазливи во Косово

Од:

Бирото за дипломатска безбедност на американскиот Стејт департмент издаде соопштение во кое ги повикува граѓаните на Косово да бидат претпазливи за време на Велигден поради закани од екстремен исламизам, јави Танјуг.

Соопштението за заснова на информацијата која ја добила американската амбасада во Приштина, за заканите врз православните верски објекти во Косово, пренесува јавниот сервис РТК и порталот коха.нет.

Ова е првпат Стејт департментот да упатува ваков повик до американските државјани во Косово во пресрет на еден од најголемите христијански празници како што е Велигден, додава Танјуг, повикувајќи се на РТК.

Со идентично соопштение оваа интерна владина организација – Консултативниот совет за безбедност надвор од САД во февруари исто така ги советуваше американските граѓани на претпазливост и да внимаваат на „растот на екстремниот исламизам во Косово, посебно надвор од Приштина“.

– Велигден има исклучителна важност за христијанската заедница, и католичката и православната, и се очекува во нивните верски објекти да има значително повеќе луѓе од вообичаено, наведува бирото за дипломатска безбедност.

– Имајќи ги предвид повремените закани за верските објекти во Косово, посебно најпознатите цркви во урбаните центри, американската Амбасада сака да го сврти вниманието до сите американски државјани во Косово да бидат внимателни и на косовската полиција да и јават за секоја сомнителна активност, се вели во препораката на Советот на американските граѓани кои се во Косово или планираат таму да патуваат овие денови, јавуваат приштински медиуми.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска