Најмалку шест алпинисти загинаа, девет се исчезнати по пад на лавина во подножјето на Еверест

Од:

Најмалку шест непалски планински водачи загинале, а деветмина се исчезнати по пад на лавина во подножјето на Еверест, соопштија непалските власти.

Лавината паднала врз патека, која води до еден од камповите на 6.400 метри височина и која е користена за искачување на највисокиот врв во светот. На помош дошле и други спасувачи и алпинисти, а од Катманду бил испратен хеликоптер.

planinariEverest

Водачите тргнале рано утрото за да ги фиксираат јажињата за алпинистите, кога лавината паднала врз нив непосредно под Кампот 2.

Во кампот се собрале стотици алпинисти и нивните водачи, подготвувајќи се за последниот обид да го искачат 8.850 метри висок врв во почетокот на идниот месец, кога ќе се подобрат метеоролошките услови.

Би можело да ве интересира

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Најмалку 100 луѓе загинаа во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати

Повторно избегаа Непалци вработени во фирма во Охрид

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се урна авион во Непал, 18 мртви

Во Скопје „исчезнаа“ работници од Непал

Горан Наумовски

Десет работници од Непал исчезнале од Скопје и од Тетово за неколку часа

A1on