Абас изрази подготвеност за продолжување на мировните преговори

Од:

Палестинскиот претседател Махмуд Абас изрази подготвеност мировните преговори со Израел да се продолжат за девет месеци, под услов да се фокусираат на клучни прашања, како конечен договор за границите меѓу двата народи.

Абас тоа го изјави на состанок со израелски пратеници од Лабуристичката партија на левиот центар во неговото седиште во Рамала, на Западниот брег.

Состанокот е одржан непосредно пред пристигнувањето на специјалниот претставник на САД Мартин Индик во регионот, во обид да се постигне договор за продолжување на преговорите.

Планираниот за синоќа состанокот на израелските и палестинските преговарачи беше откажан по убиството на еден Израелец во вооружен напад во близина на Хеброн на Западниот брег. Портпаролот на Абас изјави дека преговорите ќе продолжат денеска, на барање на САД.

Двете страни кажуваат дека сакаат преговорите да продолжат и бараат начин тоа да го направат. САД ја продолжуваат својата улога на посредник и ги поддржуваат двете страни додека се обидуваат да постигнат договор, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент Мари Харф.

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати борци на Хезболах може да достигне и до 4.000

Најмалку 17 Палестинци загинаа низ Газа во израелски напади

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел

Нетанјаху: Израел ќе одговори со сила на секое прекршување на примирјето во Либан

Горан Наумовски