Продолжуваат археолошките истражувања на Стоби

Од:

На археолошкиот локалитет Стоби годинава ќе се извршува доистражување и конзерваторско-реставраторски зафати на источната половина од гледалиштето на Театарот и ќе се реализира финалната фаза за враќање на мозаикот во наосот на Старата епископска базилика. Овие два проекти се во рамки на Годишната програма на Министерството за култура.

Театарот во Стоби е еден од најрепрезентативните објекти од римскиот период, на кој заради големината и комплексноста истражувањата и конзервацијата се изведуваат во неколку фази.

Од тие причини, како што информира Министерството за култура, годинава  ќе се работи на двата сегменти на гледалиштето во источната, а потоа и на западната половина на театарот. Со проектот се предвидува реконструкција на мермерните седишта во источната половина, со што капацитетот на градбата за одржување културни настани двојно ќе се зголеми.

– Археолозите во изминатиот период интензивно работеа и на проектот за конзервација на мозаикот во крстилницата на Епископската базилика, а работите годинава ќе финишираат со негово враќање во базиликата. Враќањето на мозаикот кој по подолго време конечно ќе и биде достапен на јавноста, ќе биде атракција  не само за посетителите туку и за голем дел од научната јавност, информира Министерството за култура.

Во рамки на музејската дејност ќе се вршат археолошки истражувања на комплексот околу храмот на Изида, а внимание ќе се посвети на конзервација на движниот археолошки материјал: предмети од метал и стакло и камени споменици. Одобрени се средства и за конзервација на мермерната скулптура на Афродита, за која предлог проектот е во фаза на подготовка.

Националната установа Стоби и годинава ќе ги реализира и двете меѓународни летни школи. Во јуни ќе се одржи школата за конзервација на керамични садови и мозаик, а во текот на јули летната археолошка школа.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска