Во Струга 20 деца кои настава следат на албански јазик во Подгорци останаа дома

Од:

Дел од основните училишта во Струга добија струја, со што почетокот на новата учебна година стратуваше без проблем.Џеми Хајредини раководител на секторот за образование за А1 изјави дека состојбата се нормализирала откако со ЕВН се договориле долговите да бидат исплатени на рати.

Без струја е уште училиштето Асим Агуши во селото Радолишта, но и за таму се водат преговори на ист начин да биде надминат проблемот рече Хајредини. Претходно без електрична енергија беа најголемите училишта во Струга,„Јосип Броз Тито“ и дел од „Браќа Миладиновци“.

Единствено денеска дома останаа дваесеттината ученици од струшкото село Подгорци кои настава 4 години следеа на албански јазик. Овие паралелки Министерството за образование ги смета за нелегални и тие не добија амин од Државниот просветен инспекторат за да бидат прогласени за легални нормално да функционираат.

Како што дознава А1 струшкиот градоначалник Рамиз Мерко деновиве бил на средба со министерот за образование, Панче Кралев. Се договориле овие деца да добијат сведителства како ученици на училиштето во соседното село Лабуништа, и во иднина наставата да продолжат да ја следат исто така во Лабуништа. Хајредини од општина Струга рече дека од Министерството за образование добиле насоки како понатаму да се реши овој проблем, но оти родителите сега одбивале да ги пуштат децата на училиште во Лабуништа, бидејки во Подгорци поради немање услови и поради малиот број деца паралелките најверојатно истите ќе се бидат укинати.

Неофицијално дознаваме дека родителите на овие деца правдата ќе ја бараат пред Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур бидејки нивните деца биле жртви како што велат на политички игри. Од Министерството за образование не добивме одговор за случајот Подгорци.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски