Адеми: Коалицијата функционира непречено

Од:

Коалицијата Груевски-Ахмети, функционира непречено и во полн состав, рече денеска вицепремиерот и генерален секретар на ДУИ, Абдилаќим Адеми.

„Сметам дека коалицијата и Владата функционираат во полн состав. Нема никаков застој. Како што гледате имаме и редовни седници на комисии, на Влада и редовни активности на сите министерства, така што мојата констатација е дека Владата функционира во полн состав и коалицијата функционира исто така“, изјави Адеми.

Претходно и владиниот портпарол излезе со иста изјава.

Но првиот тест ќе биде комисиската расправа за законот за права на бранителите, поднесен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Седницата е закажана за 10-ти септември, а наредната недела,во понеделник или најверојатно во четврток ќе расправа матичната комисија за труд и социјална политика, вели претседателот на комисијата, Цветанка Иванова.

Односите во коалицијата се заладија по инцидентот во Слупчане и по поднесениот Закон за бранителите. ДУИ, беа категорични, ако ги нема и ОНА во Законот, сите сценарија се можни, а премиерот Груевски пак изјави дека не отстапуваат и дека нема да го погазат македонското достоинство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер