Владата предлага откупната цена на винското грозје годинава да биде два денари повисока од минатогодишната.
Според вицепремиерот, Владимир Пешевски и министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, килограм смедеревка треба да се откупува по 10, а килограм вранец по 12 денари.
Предложената цена би се однесувала за виното донесено директно во винариите.
Пешевски ги повика винариите уште утре да ги објават нивните откупни цени за годинешната реколта на грозјето.
Министерот Димовски ги негираше шпекулациите дека владата ќе престане со субвенциите од два денари по килограм предадено грозје до домашните винарии и најави дека ќе се преземат мерки за зголемување на извозот.