Либиските власти запленија денеска танкер со сирова нафта во пристаништето под контрола на бунтовниците кои планирале да продаваат нафта независно од владата во Триполи, објави државната нафтена компанија НОК.
Танкерот, со знаме на Северна Кореја, е одведен во придружба до западниот брег на Либија, изјави портпаролот на НОК Мухамед Ел-Харари.
Портпаролот на бунтовниците претходно негираше дека е изгубена контролата врз бродот.