ОМ: Не е хомосексуалност туку притисок врз нашите членови од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Обединети за Македонија реагира на написите за дипломатот Митко Јаневски, вработен во МНР и претседател на комисијата за надворешни работи на ОМ, за причините поради кои избегал од земјава.

Тие информираат дека кон Јаневски биле упатувани закани во изминативе неколку дена.

„Партијата Обединети за Македонија ќе преземе демократски институционални чекори за заштита на нашиот член на кого му е загрозена слободата на движење и говор и му е оневозможено професионално да ја извршува својата професија на работното место од страна на вработен во МНР, близок до раководството на ВМРО-ДПМНЕ со упатени закани да се откаже од активностите во Обединети за Македонија . Ваквите потези кои постојано се упатуваат до членовите на нашата партија од страна на власта , говорат за големата желба на ДПМНЕ за уништување на нашата партија и стравот од нејзиното постоење. Политичките притисоци кои се прават врз нашиот претседател Љубе Бошкоски не им се доволни , продолжуваат и врз Претседателството на ОМ“,велат од партијата.

Според потпретседателот на партијата Јагода Митревска партијата „ќе ги извести сите меѓународни институции Хелсиншкиот комитет за човекови права, ОБСЕ, како и дипломатските странски претставништва за ваквите недемократски применети мерки врз членството на ОМ“.

Од партијата информираат дека не знаат за никаква хомосексуалност на Јаневски, а уште помалку дека поради тоа некој од ОМ му правел притисок или пак му се заканувал.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито