Општина Струга исели самохрана мајка на улица

Од:

Лујза Николоска од Струга ќе остане без покрив над главата. Куќата во која што живеела повеќе од 20 години, а која се наоѓа на атрактивна локација во старата струшка чаршија општината ја продала. Без пари и без надеж не знае што и како понатаму. Оваа жена за А1 вели дека живее тежок и сиромашен живот без основни услови за егзистенција.Реагира што општината не и дала време да се исели од објектот и да најде алтернативно решение.

„Не ни понудија ние да ја купиме куќата.Само ни рекоа да се иселиме од куќата.Не ни дадоа ниту време да се иселиме од објектот“ вели Лујза Николоска.

Оваа жена која е самохрана мајка вели дека едвај сврзува крај со крај. Социјалната помош минатата година и била укината, затоа што нејзината 22-годишна ќерка почнала да работи сезонска работа. 

„Ни ја укинаа социјалната помош.Добивавме до минатата година,но откако видоа дека ќерка ми работи сезонска работа ни ја укинаа. Не знам што ќе правиме и каде ќе одиме. Куќата е општинска и ја добивме од општината уште пред 20 години за да имаме покрив над главата.Живееме сиромашно. И јас не одам на работа. Се надевам дека надлежните ќе најдат начин и ќе ни помогнат“, вели Лујза.

Куќата е пред распаѓање и е во катастрофална состојба, но поради атрактивноста и близината со Црни Дрим секој посакува да ја има. Од невладината организација „Каприкорн 2010“ бараат општината на семејството да му понуди законски рок и време за иселување.

„Кој и да е не може за 24 часа да се снајде и да се отсели. Невладиниот сектор би помогнал на секој начин на ова социјално загрозено семејство кое со ова останува на улица. Имаме информации дека според јавното наддавање оваа куќа достигнала цена до 12.000 евра што е смешна цена за ова подрачје во Струга“, вели Васко Јолески претседател на „Каприкорн 2010“.

Од Каприкорн бараат да реагира и Министерството за култура бидејќи оваа куќа била една од последните од ваков вид градба што останала во Струга.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“