НДП:ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ глумат и нема да распишат предвремени избори

Од:

За партијата на Руфи Османи, тензиите меѓу владините партнери, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, се само едни од низата вештачки тензии за маркетиншки цели.

„НДП е убедена дека спротивно изјавите на високи претставници на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, овие политички партнери нема да го растурат сегашното владино мнозинство и нема да распишат предвремени парламентарни избори“, се вели во соопштението на НДП.

За партијата на гостиварскиот градоначалник, политичката дрскост на ВМРО-ДПМНЕ, негирањето и омаловажувањето на ОНА како и запоставувањето на жртвите Албанци од 2001 година и покрај повлекувањето на ДУИ преку извинувањето на министерот за одбрана, уште еднаш го потврдуваат етно-национализмот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на Албанците во Македонија.

„НДП е убедена дека актуелната влада, ВМРО-ДУИ е влада без политички и меѓуетнички легитимитет која забележува сериозни неуспеси особено во нејзината економско-социјална и евроинтеграциска агенда. Потсетуваме дека сме подготвени за предвремени парламентарни избори и го повторуваме ставот дека најдобрата опција за државава е организирање на локални и парламентарни избори заедно, во 2013 година “, велат од НДП.

НДП предупредува, дека организирањето предвремени избори од сегашната влада, во суштина значи повторување на манипулациите од претходните избори .

Ова соопштение на НДП доаѓа по шпекулациите во јавнсота дека доколку ДУИ излезе од Влада, дел од гласовите за мнозинство , Груевски ќе ги пополнува и со двата пратеника од НДП.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: ДУИ ако не е на власт зборува за етничка поларизација, тезата им е погрешна

Ѓорѓиевски: За прв пат во историјата на Македонија наеднаш се градат многу училишта, градинки, спортски објекти и патна инфраструктура

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Албанците не се загрозени – загрозени се само милионските шеми и криминалните комбинации на ДУИ

Горан Наумовски

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

ДУИ: Наместо да измислува имагинарни непријатели, премиерот треба да објасни зошто неговата влада го крши Уставот

ДИК го намали бројот на советници во албанските општини, обвинува ДУИ