Познатиот супермодел Кејт Мос има 38 години и повеќе сака цигари од теретана и зелен чај. Но, сепак и понатаму е една од наплатените жени во светот на модата.
Блогерот Перез Хилтон откри колку британската манекенка, без оглед на своите години, заработува добра сума, појавувајќи се на модните кампањи и насловните страни на магазините, но и преку самостојните проекти.
Според него, убавата Кејт, шокира со цифра од околу 20 милиони долари, наспроти очекувањата на сите дека станува збор за сума од 3 до 4 милиони.
Секоја чест, убавината ептен и се исплати.