Груевски: Има криза во коалицијата со ДУИ, подготвени сме за избори

Од:

Премиерот признава дека постои криза во владината коалиција.

Ова, изјави Никола Груевски е резултат на промените во однесувањето на дел од раководството на ДУИ, по одржувањето на последните парламентарни избори кое не се однесува коректно како што се однесуваше во минатото, а врв е настанот во Слупчане. Подготвени сме, вели Груевски, за предвремени избори ако ДУИ оцени дека тие се потребни иако не ги посакуваме.

„Во тие три години претходно ДУИ како коалиционен партнер го сметавме како партија која држи до зборот и коректно се однесува во однос на она што е договорено. И ние се трудевме исто така коректно да се однесуваме во однос на тоа што е договорено. Во оваа една година дел од нив дали затоа што чувствуваа дека мнозинството во Парламентот ВМРО-ДПМНЕ го нема оти има 56 пратеници и на некој начин мнозинството го покрива ДУИ со нивните пратеници, дали заради нешто друго не знам, има отстапувања од онаа пракса која што ја имаше ДУИ. Јас на неколку пати разговарав со претседателот на таа партија во минатите неколку месеци. Укажав на тоа дека одредени поединци несоодветно се однесуваат и ова веројатно беше врв на едно такво некоректно однесување кое не придонесува ниту за остварување на целите на ДУИ, ниту за остварување на некои важни работи за Албанците во Република Македонија, туку само придонесува за создавање тензии. Така што на вашето прашање дали постои криза, секако дека постои“, рече Груевски.

Тој истакна дека Владата функционира во полн состав и оти по брифинзите на ДУИ доколку таа партија оцени дека такво нешто е потребно ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за предвремени избори.

„Ние не ги посакуваме, но ВМРО-ДПМНЕ е подготвена и за таква опција доколку ДУИ повлече таков потег“, рече Груевски.

Според шефот на Владата, за него од исклучително значење е да се задржи чесноста во односот со кој било со кој се во партнерство.

„Ние не сме партија што сака власт по секоја цена или, пак, што ќе издржи некое партнерство по секоја цена. Ние не сме СДСМ и не може да не сметаат дека ние сме Бучковски и Црвенковски па ако немаме мнозинство во Парламентот дека ќе потклекнеме на некакви уцени, понижувања или било што. Ние сме подготвени доколку е тоа потребно во секој момент да излеземе на избори. Иако повторувам не ги посакуваме бидејќи тоа ќе значи одредена дефокусација во одреден период, се со цел да не дозволиме создавање на тензии, на какви било понижувања од некого за некого и нечесни односи во една коалиција, или, пак, рушење на нечие достоинство.

!Ние како партија не сакаме да рушиме ничие достоинство, ние сакаме да ги почитуваме сите, сите етнички заедници, сите граѓани во Република Македонија и не сакаме да си поигруваме со чувствата на другите етнички заедници. Меѓутоа, доколку некој друг тоа сака да го прави и ако смета дека на тој начин ќе постигне одредени политички поени, мислам дека го промашил партнерот во овој случај. ВМРО-ДПМНЕ не е партнер кој на некому ќе му дозволи којшто на некој ќе му дозволи да го гази, понижува и да си игра со неговите чувства и достоинство“, рече премиерот Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, неврохирургот на Заев и 40 потрчковци е само синоним за починати граѓани и криминал

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Поради криминалното работење на СДС и ДУИ во енергетскиот сектор, граѓаните плаќаат скапа електрична енергија

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски