Ангелов: Требаше Бесими да оди во Слупчане за да му текне на Иванов да ги одликува бранителите

Од:

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов реагираше за положувањето цвеќе од страна на министерот за одбрана заедно со припадници ан АРМ на споменикот на ОНА во Слупчане. Ангелов кажа дека сакале да почекаат неколку дена да видат дали ќе има некакво издржано објаснување за овој настан од власта, но како што рече, „такво нешто сеуште нама“.

Според Ангелов можно е се однапред да било договорено по принципот „вие нам, ние вам“, односно делегација на АРМ заедно со министерот да положат цвеќе на споменикот на ОНА и со тоа да добијат политички поени кај ветераните на ОНА, а од друга страна ВМРО-ДПМНЕ да додели одликување на бранителите и да поднесе закон за бранители.

„Од образложенито на Владата дека не можеле да преземаат мерки за лица кои во слободно време и во приватен ангажман се појавиле на некој настан не е издржано. Министерот Бесими е секогаш министер и не отишол како приватно лице на споменикот на ОНА. Како разултат на ова претседателот ги одликува загинатите бранители , ние го поздравуваме тој потег, но би го прашале- зошто Претседателе чекавте толку време, дали требаше Бесими со делегација да се поклони на споменикот на ОНА, за Вам да ви текне да ги одликувате нашите бранители“, рече Ангелов.

Тој потсети дека „Достоинство“ во неколку наврати поднесе иницијатива за одликување на загинатите бранители, нои му укажа на Претседателот дека требаше да ги одликува и воените инвалиди и тие што се живи, а направиле некое херојско дело.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он