ВИДЕО: 60.000 на концертот на Цеца во Струмица

Од:

Игла немаше каде да падне синоќа на плоштадот во Струмица. Беше претесен да ги собере сите кои сакаа одблиску да го следат настапот на балкaнската фолк ѕвезда, Светлана Ражнатовиќ-Цеца.
Од општината велат дека 60 илјади луѓе се собрале на плоштадот, а неофицијално овој број изнесува 80 илјади.
Освен домашните, за Цеца дојдоа посетители од цела Македонија, но и од соседните Бугарија и Грција.
Толку народ на едно место и од сите генерации досега Струмица не памети.
Пред настапот фолк ѕвездата се сретна со градоначалникот на Струмица Зоран Заев и неговата сопруга Зорица. Заев не го криеше задоволството од присуството на балканската фолк ѕвезда, а таа му посака да стане премиер.

Цеца пееше цели два часа, а пееја и играа и посетителите. Се точеше пиво и се јадеше скара до раните утрински часови. Тоа беше журка која уште долго ќе се прераскажува.
Настапот на Цеца е во рамките на манифестацијата Струмица опен фестивал, која за прв пат се одржува во Струмица.
Во музичкиот дел настапија и Харос Џиновиќ, Прљаво казалиште и голем број домашни пејачи од забавната и народната музика.
Фестивалот почна на 13 август, а ќе заврши утре. Освен музичкиот дел, на повеќе локации во градот се одржуваат ликовни колонии, театарскипретстави, филмски проекции и вечери на поезијата.

Сузана Тасева

Би можело да ве интересира

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите

Xiaomi Fan Festival 2026: Месец на посебни поволности и паметни решенија

Stefani & The Upper Room – Вечер на надеж,  вера и современа христијанска госпел музика

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски