Кога го прашале познатиот сликар Винсент ван Гог што мисли за жените во Франција и нивниот начин на шминкање, имајќи предвид дека тие премногу употребуваат шминка, тој одговорил: „Не се разбирам до толку во уметност“.
Вистина или шега, сепак во 21. век модните трендови се менуваат и жените повеќе не сакаат да бидат натрупани со шминка како порано. Се повеќе се покажува тенденција да се биде природна.
Според една неодамнешна студија, дури и кај најголемите „ѕвезди“ во шминкањето можат да се пронајдат катастрофални грешки како на пример веѓи потенцирани со молив, или пудра во прав, како и зголемувањето на усните со пластичната операција. Ако некогаш тоа беше неопходно да се прави сега се мисли дека е тотално непотребно.
Научниците во своето истражување вклучиле 2.000 жени и сите тие биле испрашувани што е тоа што не им се допаѓа во негувањето и разубавувањето на жените во 21. век.
Дури 85 % од испитаничките се изјасниле дека жените при своето подготвување за во јавност треба да се водат од паролата „малкуто е многу“, а поголемиот број од нив мразеле кога некоја ќе се појави со темен молив за усни во комбинација со светол кармин.
Еве што од испитувањто, научниците го утврдиле како најголем грев:
– Премногу засенчени веѓи
– Траги од прашина на брадата
– Хируршки зголемени усни
– „Пречупани“ веѓи
– Темен молив за усна во комбинација со светол кармин
– Портокалови дланки по нанесување на крема за самопотемнување
– „Нечупан“ простор помеѓу веѓите
– Мрсна коса
– Кармин на забите
– Пренатрупана шминка
– Жолти заби
– Премногу руменило
– Жолта, задебелена кожа на стапала
– Парчиња храна во забите
– Проширување на усните со молив
– Непрофесионално продолжување на косата
– Грутки од маскарата на трепките
– Пирсинг во ноктите
– Лажни бемки
– Изгореници
– Нефарбани израстоци на косата
– Бели прстени околу очите од очилата за сонце
– Нередовното отстранување шминка
Во име на убавината некои работи би можеле сепак да им се простат, ама некои не.