Видео кое шокира. Полицаец пукал во куче, кое го бранело газдата кој се онесвестил на улица. Настанот се случил во Њујорк, а минувачите не верувале во она што се одвивало пред нив.
Кучето стоело покрај својот сопственик кога полицаецот се обидел да се доближи, а кучето се свртело и тргнало кон него и тогаш полицаецот испукал два куршуми.
Минувачите раскажале дека го забележале мажот кој очигледно на улица доживеал напад и се онесвестил.
Полицајците се обиделе да му се доближат за да видат што се случува со човекот, но кучето не им верувало и не им дозволувало да се приближат до неговиот сопственик.
“Тогаш полицаецот извлече пиштол и пукаше во кучето, а од улицата се слушна како некој довикна, како можевте да го направите тоа”, изјавил еден од граѓаните.
Ќовекот најверојатно бил бездомник, а кучето, преживеало и е на опоравување кај ветеринар.
Мислењата се поделени, за едни, нападот на полицаецот бил непотребен и брутален, за други пак тоа било нужна одбрана од кучето.
Девојка, пак, рекла дека полицајците го удриле онесвестениот маж наместо да повикаат брза помош и поради тоа кучето станало агресивно.