„Обидот на СДСМ да го обвини ВМРО-ДПМНЕ за поскапување на цената на нафтата, за зголемување на курсот на доларот и за поскапување на цената на другите енергенси на светските пазари е смешен, е надвор од здравата логика и е доказ за очајничкиот обид на СДСМ да го обвини ВМРО-ДПМНЕ за било што, по секоја цена“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Следејќи ја оваа логика на СДСМ не сме далеку од денот кога за должничката криза во Грција повторно СДСМ ќе го обвини ВМРО-ДПМНЕ, за зголемување на невработеноста во Шпанија повторно СДСМ ќе го обвини ВМРО-ДПМНЕ, за војната во Сирија СДСМ повторно ќе го обвини ВМРО-ДПМНЕ.Тоа е доказ дека СДСМ дури и за оваа тема ги лаже сопствените граѓани, а кога лажеш за едно, лажеш за се“, стои во рекацијата на партијата на власт.
Од ВМРО-ДПМНЕ, посочуваат дека фактот што 25 од 27 земји членки на Европската Унија го зголемија само данокот на додадена вредност, а Македонија не го направи тоа, доволно говори и го потврдува фактот дека Македонија успева да се справи со предизвиците и проблемите наметнати од светската економска криза.
„Ние сме свесни за проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Република Македонија, но знаеме дека правиме максимум и знаеме дека никогаш нема да ги прифатиме предлозите на СДСМ за зголемување на даноците и за намалување на платите и пензиите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.