Жителите на Лабуништа најавуваат протести поради каменоломите

Од:

Десет илјади жители на струшкото село Лабуништа најавуваат масовни протести и граѓанска непослушност доколку под итно не се реши проблемот со неколкуте каменоломи кои се наоѓаат во околината на селото,а кои според нив им го загрозуваат здравјето. Градските советници во Советот на општина Струга бараат надлежните да ги преиспитаат одлуките за издавањето на 3 нови концесии за каменоломи.

„Нашиот народ по природа е палшлив, неодлучен и мирен, но ние мора да го алармираме дека состојбата со каменоломите во селото загрижува. Но овој пат вистински ќе работиме, ќе ги повикаме сите интелектуалци, еснафи, верски лица, да дадат свој придонес, да го тргнеме партискиот предзнак и во името на Лабуништа и на идните генерации да им обезбедиме услови за живот. Овде имаме класично кршење на законот“, вели Мирсад Мемишоски советник на Пеи во Советот на општина Струга

Мемишоски се сомнева дека каменоломите се опасни по здравјето на луѓето и бара надлежните да добијат известување за состојбата таму, за да може потоа правдата да ја бараат низ институциите на системот доколку е потребно. Жителите не знаат на колку години се доделени концесиите за каменоломите,и се сомневаат дека станува збор за концесионирање од најмалку 30 години

Советникот од Лабунипта, Абдула Ќазимоски неодамна рече дека дека приоритет на сите треба да биде здравјето и животот на граѓаните а не интересот на поединци

Дел од каменоломите се наоѓаат во близина на самите куќи во селото. Имаме сериозен проблем со каменоломите.во Лабуништа. Никој од надлежните министерства не е дојден да види како живееме во ситуација кога во селото имаме 3 каменоломи. Нека дојдат од министерството за економија за да видат како живееме и нека преземат најитни мерки. Факт е дека не се презема ништо, и затоа мораме да го сперечиме сето ова бидејки и ние сакаме да дишиме чист воздух реагираа жителите. Во Лабуништа, не е поставен т.н Аероседиментатор, мерен инструмент кој го одредува количеството на честичките од прашината која доаѓа од каменоломите.Според пулмолозите зголемено присуство на овие честички може да ја намалува функцијата на белите дробови.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Нереди во Мароко: Најмалку двајца загинати и повеќе од 300 се повредени, групата „ГенЗ 212“ бара промени

Вучиќ откри: Делови од полицијата беа подготвени да учествуваат во обоената револуција – ги насочија цевките кон „Чациленд“

Во Буенос Аирес протести против мерките за штедење

Низ цела Франција се најавени собири, на кои се очекуваат помеѓу 600.000 и 900.000 демонстранти

Горан Наумовски

Ново обвинение за Мерко, овој пат за злоупотреби при осветлувањето на коритото на Црн Дрим

ВИДЕО: Брутална акција на француската полиција, апси секој што блокира, нападнати се и новинари