ВМРО-НП: Експерти како Донев функционираат како кафеански турбо-фолк пеачки

Од:

„Жално е за Македонија што дојде на дереџе независните експерти како Јован Донев да ја креираат државната политиката. Мислењата и ставовите на експертите од ваков тип не се засноваат на стратешки погледи поврзани со државните интереси туку напротив најчесто нивните ставови се по нарачка за владеачката структур“, велат од ВМРО-Народна партија.

„Во Македонија се изгуби вредносниот систем и критериумите за да се биде експерт и така наречените експерти како Донев функционираат на приципот на кафеански турбо-фолк пеачки ,,платиш па слушаш (колку пари толку музика)“.Големиот експерт за сите прашања поврзани со политиката г-динот Јован Донев вчера го подржа чинот на поклонување на армиските офицери на спомен обележјето на УЧК. Останува дилемата по чија нарачка беше вчерашната изјава на Донев“, се вели во соопштението на ВМРО-НП.

ВМРО-НП прашува, како е можно ДПМНЕ да се оградува од министрите во владата, а Донев да го подржува чинот на армиските офицери и министрите, бидејќи општо познато е, велат, дека Јован Донев е ,,пионче“ во рацете на Груевски па како благодарение за сервилноста кон власта таканаречениот институт „ЕВРО-БАЛКАН “, блискоуповрзан со Донев доби акредитација и прерасна во универзитет, а Донев ќе добие амбасадорска фотелја во Лондон.

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Наместо исполнување на договорените обврски со ЕУ, Владата со нови проблеми пробува да го „откочи“ веќе закочениот процес

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Поднесуваме иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и на Јавното претпријатие за државни патишта

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Сто проценти од оружјето кое С. Македонија и го подарува на Украина е набавено од Владата на Георгиевски

Ана Ололовска

Професор Александар Симоновски реагира на предлогот на Георгиевски за рехабилитација на четниците

Ана Ололовска