Приврзаниците на Јован Вранишковски денеска на прием кај српскиот претседател барале морална поддршка и заштита на основните човекови права и верски слободи.
Тие го запознале српскиот претседател со проблемите на нивната црква во Македонија, а посебно со судбината на Јован Вранишковски кој е во затворот во Идризово.
Епископот Иринеј рече дека не станува збор за високополитички претензии, туку целата активност на српската црква е насочена кон заштита на основните човекови права и слободи.
Тој оцени дека под лажни обвинувања се проредуваат класични судски процеси, политички прогони против луѓето, свештениците, монасите и верниците само поради нивната верска определба.
Претседателот Николиќ рече дека активно ќе се заземе за почитување на човековите права и верски слободи, не само за верниците на СПЦ туку и за сите луѓе, народи и заедници во Србија, регионот и во целиот свет.